речник контакт

Хозе Мухика: Уругвајскиот претседател најсиромав во светот

Сите негодуваат дека животниот стил на политичарите се повеќе се оддалечува од оној на избирачко тело. Но не и во Уругвај. Запознајте го претседателот кој живее во расклатена куќа на фарма, и раздава поголем дел од својата плата.

Петар Печков



Испраниот веш се вее пред неговата куќа. Водата е од бунар во дворот, кој е зараснат со коров. Само двајца полицајци и Мануела, кучето со три нозе, ја чуваат куќата.

Ова е резиденцијата на претседателот на Уругвај, Хозе Мухика, чиј животен стил драстично се разликува од оној на повеќето светски лидери. Претседателот Мухика ја одби луксузната куќа која државата Уругвај ја обезбедува за своите лидери, и избра да остане да живее во фармерската куќа на неговата жена, која е настрана од правливиот пат надвор од главниот град, Монтевидео.

Претседателот и неговата жена самите работат на земјата и одгледуваат цвеќиња. Овој скромен живот - и фактот што Мухика донира околу 90 % од својата месечна плата, која е еднаква на 12,000 долари, во добротворни цели - доведе до тоа да биде наречен најсиромашниот претседател на светот.

„Живеам вака во поголемиот дел од мојот живот“, вели тој, додека седи во стара фотења во неговата градина, на перничето кое е омилено на кучето Мануела. „Можам убаво да живеам и со ова што го имам“.

Неговите добротворни донации - во корист на сиромашните и на малите фирми - значи дека неговата плата е скоро еднаква со просечната плата во Уругвај, или околу 775 долари месечно.

Во 2010, во неговата изјава за годишни профити - која е задолжителна за сите службени лица во Уругвај - била 1,800 долари, колку што чини неговиот фолксваген „буба“ од 1987.

Годинава, тој на оваа изјава додал половина од имотот на жена му - земјата, тракторот и куќата - која достигнала до 215,000 долари.

Тоа е сеуште една третина од објавениот имот на потпретседателот Данило Астори, и една третина од објавениот имот на претходникот на Мухика како претседател, Табаре Васкез.

Избран во 2009, Мухика ги мина 80-ите и 90-ите како учесник во уругвајската герила Тупамарос, која е левичарска вооружена групација која е инспирирана од кубанската револуција.

Бил шест пати погоден и минал 14 години во затвор. Поголемиот дел од затворските години ги минал во страшни услови и изолација, се до неговото ослободување во 1985, кога Уругвај премина во демократија.

Мухика вели дека годините кои ги минал во затвор му помогнале да го обликува својот поглед кон животот. „Ме нарекоа најсиромашниот претседател, но јас не се чувствувам сиромашен. Сиромашни се оние луѓе кои работат само за да си го одржат својот висок животен стил, и секогаш сакаат се повеќе“, вели тој.

„Ова е прашаење на слобода. Ако немате многу нешта, тогаш не мора да работите сиот свој живот како роб за да ги задржите тие нешта, и така ќе имате повеќе време за вас“, вели тој.

„Можеби им личам на ексцентричен старец... Но ова е мојот слободен избор“. Лидерот на Уругвај го потенцираше истото кога зборуваше на самитот Рио+20 во јуни годинава. „Цело попладне збруваме за одржлив развој. За да ги извадиме овие маси народ од сиромаштија. Но што си мислиме? Дали сакаме модел за развој и потрошувачка како кај богатите земји? Ве прашувам: што ќе и се случи на планетава ако индијците имаа ист број на автомобили по домаќинство како германците? Колку кислород ќе ни остане? Дали оваа планета има доволни ресурси за седум или осум милијарди луѓе да можат да имаат исто ниво на потрошувачка и отпад, кој денес го има во богатите општества? Дали ова ниво на хиперпотрошувачка е тоа што ја униптува нашата планета?“

Мухика ги обвини повеќето светски лидери дека се „слепо опседнати да се постигне раст преку потропувачка, а ако е поинаку дека тоа ќе биде крајот на светот“.

Но колку и да е широк јазот помеѓу вегетаријанецот Мухика и овие други лидери, тој повеќе не е имун на тоа дека се тие ги прават растовите и падовите на политичкиот живот.

„Многумина се симпатизери на претседателот Мухика заради тоа како тој живее. Но ова не е пречка тој да биде критикуван за тоа како работи владата“, вели Игнасио Зуаснабар, гласач од Уругвај.

И уругвајската опозиција вели дека неодамнешниот економски просперитет на државата не резултираше со подобри јавни услуги во здравството и образованието, и за прв пат по изборот на Мухика во 2009 година, неговата популарност падна на под 50 проценти.

Годинава исто така тој беше под жесток напад заради два контроверзни чекори. Конгресот на Уругвај неодамна донесе закон со кој се легализира абортусот за бремености до 12 недели. За разлика од неговиот претходник, Мухика не стави вето на овој закон.

Тој осто така ја поддржува дебатата за легализација на конзумирањето канабис, со закон кој исто така ќе и даде на државата монопол врз неговата трговија.

„Конзумирањето канабис не е најзагрижувачкото нешто, трговијата со дроги е вистинскиот проблем“, вели тој.

Сепак тој не треба премногу да се грижи за рејтингот на неговата популарност - законот во Уругвај вели дека нему не му е дозволено да бара реизбор во 2014 година. Исто така, со неговите 77 години, постои поголема изгледност дека тој сепак ќе се пензионира од политиката. Ако го стори тоа, ќе ноже да добие државна пензија - и за разлика од некои претходни претседатели, можеби нема да почувствува пад во приходите кои тешко ќе ги поднесе.

 текстот е преземен од Би-Би-Си

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »